Лав уби чувар во зоолошка: Сакал да го нахрани, една грешка го чинела живот!

Сподели со своите пријатели

Чувар на зоолошката градина во Јапонија бил убиен од лав додека се обидувал да го намами во својот кафез со храна.

Loading...

Кеничи Като (53) бил пронајден со рана на вратот и онесвестен во кафезот на лавот во четвртокот попладне, изјави портпаролот на локалната полиција за АФП.

„Се верува дека го хранел лавот“, рекол портпаролот, кој не сакал да биде именуван.

Претходно беше кажано дека Като се обидувал да го намами лавот во кафезот со храна, но не ја заклучил вратата која ја делела просторијата во која се наоѓал од кафезот во кој бил лавот, пишува Дејли Мејл.

Като работел во зоолошката градина 27 години и главно бил задолжен за хранење на лавовите, тигрите и мечките.

„Многу ни е жал за се. Им се извинуваме на Кату и неговото семејство. Ќе дадеме се од себе да ги подобриме мерките вакво нешто никогаш повеќе да не се повтори“, соопшти управата на зоолошката градина.

Оваа зоолошка градина ќе остане затворена додека не се утврди дека е безбедна за посетителите.