Квалитет Пром и официјално стана доминантен сопственик на ФЗЦ ”11 Октомври”

Сподели со своите пријатели

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 72-рата седница донесе Решение со кое понудата за преземање на акции издадени од ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово дадена од понудувачот Квалитет Пром ДООЕЛ Куманово се утврдува за успешна, соопштува КХВ на официјалната веб страна.

Loading...

Понудата за преземање била прифатена од вкупно 90 сопственици на обични акции со право на глас во ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово кои поседуваат 262.267 обични акции , што претставува 56,69 проценти од вкупниот број на обични акции со право на глас, односно 53,41 проценти од вкупниот број издадени акции од ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово.

Инаку, најмалата количина на обичните акции кои требаше да бидат откупени за понудата да биде успешна е 234.158 акции, односно 50,62% од вкупниот број на обични акции.

Со надминување на овој праг, понудата за преземање е успешна.

Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 550,00 денари по акција. Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Коста Костадиновски и на Јован Дојчиновски им даде согласност да бидат именувани за извршни членови на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.

Имено, Коста Костадиновски ќе ја извршува функцијата – Главен извршен директор, а Јован Дојчиновски извршен директор.

Согласно Одлуката на Собранието на акционери на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри Коста Костадиновски и Јован Дојчиновски да имаат мандат од две години.