Купил „Голф кец“ за 500 евра, го средил па сега го продава за 19.000 евра (фото)

Сподели со своите пријатели

Љубителите на автомобили биле шокирани кога на социјалните мрежи се проширила веста, дека на најголемиот сајт за продажба на половни возила, првиот модел на Голф произведен во далечната 1983 година се нуди за сензационални 19.000 евра.

Извесен Патрик Мелке од Штудгарт поставил оглас во кој за примерокот на првата генерација Голф ГТИ, бара 19.000 евра, иако автомобилот од овој тип може да се најде за цена која се добива кое ќе ги одземете двете последни нули од неговата понуда.

 

Loading...

 

Сепак, не е во прашање грешка при поставувањето огласи туку модифициран примерок на многу популарниот модел. „За сите оние за кои возењето е забава“ – била една од воведните реченици во материјалите поделени на новинарите во 1976 година кога е претставен овој модел на автомобил.

Фразата најдобро го опишува создавањето на моделот со кој Фолксваген воведе нов сегмент автомобили и ја присили конкуренцијата на престројување.

 

 

Кога се појавил на пазарот чинел 13.850 германски марки. Мотор со 110 коњски сили во автомобил кој тежи само 810 килограми, но гарантирал пристигање до стотка за 8,2 секунди и максимални 182 километри на час, додека адутите биле робусност и умерена потрошувачка.

Можеби не случајно овој жител на Штутгарт одлучил баш на 40-годишнината од создавањето на овој модел да го понуди својот примерок на продажба. Неговиот Фолм е значително изменет, моторот е визиран па наместо стандардни 110 развива неверојатни 600 коњски сили. Исто така сифарбан е со специјална боја,вградени с црвени алуминиумски фелни.

 

Loading...

 

Во огласот се наведува дека автомобилот произведен во 1983 година поминал само 5.000 километри, а на фотографиите може да се види и внатрешноста на возилото која е во совршена состојба.

 

 

Сепак, тоа не ја објаснува високата цена, особено што за 19.000 евра може да се купи многу помлад и полуксузен модел спортски автомобили. Веројатно поради тоа гордиот сосптвеник на овој модел напишал дека во последно време забележал премногу повици од недоволно сериозни купувачи, па нагласил дека никакво ценкање на доаѓа предвид.