Кумот му ја „украл“ сопругата од младоженецот: На свадба пред сите рекол дека е заљубен во невестата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се сеќавам на првиот пат кога ја видов Дезире. Се заљубив во неа. Знаев дека мора да биде моја. Таа е најубавата личност што сум ја видел во животот, рече Брајант додека кум наздравуваше со својот најдобар пријател на свадба во 2010 година.

Loading...

– Таа е најдобрата личност што сум ја запознал. Никогаш не сум сретнал некој како неа. Потоа дознав дека веќе има момче и знаев дека треба да најдам начин да ја добијам, но потоа го запознав и нејзиното момче (сега бившиот сопруг) и станавме пријатели. Ве сакам двајцата – честитки – се присети Дезире на говорот на Брајант.

Таа додала дека по неговото признание, во салата со 200 луѓе владеел молк, а таа била многу засрамена.

„Брајант и мојот поранешен сопруг станаа најдобри пријатели и бидејќи беа момчиња, правеа сè заедно“, рече Дезире, додавајќи дека никогаш немала чувства кон Брајант, кого го запознала во средно училиште.

Таа додаде дека точно се сеќава на неговиот изглед кога ја видел во венчаница и дека никогаш претходно не ја гледал така. Брајант наводно се опијанил на венчавката, а потоа јавно и ја признал љубовта. Истата вечер, Дезире танцуваше со Брајант. Додека танцувале, Брајант ја прашал зошто никогаш не му дала шанса.

Своето признание, Дезире подоцна го оправда со фактот дека само бил пијан и не знаел што зборува. Меѓутоа, кога нејзиниот брак почна полека да се распаѓа по една година, бидејќи нејзиниот сопруг усвои сосема различни навики, нејзината врска со Брајант премина од пријателство во љубов.

За време на нејзиниот развод тој постојано беше покрај неа и ја тешеше, а во еден момент на нејзино изненадување дури и ја бакна.

– Излезе од никаде. Кога ме бакна, не се оддалечив, а потоа му возвратив. Бев шокирана што тоа беше добар бакнеж. Се чувствував добро и природно, се присети Дезире.

Loading...

По една година од нивната врска, таа забременила со нивниот прв син Соер, кој сега има девет години, а парот се венчал во 2012. Денеска имаат четири деца и се среќни, пишува New York Post.

 

@desiree.white We still makes fun of him for it #husbandwife #husbandandwife #husbandwifecomedy #comedy #couplescomedy #marriage #crazy #marriagehumor #fypシ #foryouu ♬ Crazy – Patsy Cline