Кумановските средношколци учеа за НАТО (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од завршните години од сите средни училишта во Куманово денеска беа дел од панел дискусијата „Учиме за НАТО“ која ја спроведуваат Инфо центарот за евроатлантски интеграции, граѓанската организација „Мост„ со поддршка на одделот за јавна дипломатија на НАТО, амабасадата на Британија и Северна Ирска во Скопје, Кралството на Холандија, како и Министерството за надворешни работи.

Loading...

Панел дискусијата е во рамките на НАТО караванот кој веќе се има одржано во Велес и Штип, а по Куманово, ќе следуваат Струмица, Прилеп, Битола и Скопје.

Целта на НАТО караванот, според денешниот предавач Елмас Хасановиќ, е да се поттикне аргументирана дебата за придобивките како и потенцијалните ризици и предизвици од зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО

– Во овие градови вклучително и во Куманово е предвидено да има дискусија со средношколци и панел дискусија со граѓаните за придобивките од зачленувањето во НАТО. Конкретно со денешната дискусија со средношколци целта е да се подигне свеста и знаењето кај младите за приодобивките од НАТО, и што е тоа што не очекува во наредниот период наместо да бидат жртви на лажни вести, изјави Хасановиќ.

Loading...

Како што појасни тој, постои изненадување од организаторите, затоа што средношколците веќе имаат доволно знаење за најголемата воено-политичка алијанса.

–  Имаат одредени површни знаења во однос на тоа како функционира НАТО, кои се придобивките за младите и што е тоа што тие можат да го очекуваат како идна земја членка на НАТО, се уште не се познати за средношколците, можеби тоа се должи на фактот што сосема малку внимание се посветува на меѓународните организации во средното образование како дел од нивниот курикулум за учење така што целта е да се потполни овој вакум односно празнина од информации каде што ние со дискусија и разговор со средношколците ќе можеме да одговориме на сите тие прашања кои ги мачат а немаат можност на друг начин да ги адресираат, рече Хасановиќ.

НАТО караванот ќе трае до крајот на годината, а вечерва во рамките на истиот во кружната сала на поранешен комитет ќе се одржи панел дискусија на тема „Република Северна Македонија во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“. Говорници на насатнот ќе бидат министерката за одбрана и заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска и амбасадорката на Црна Гора во РСМ, Марија Петровиќ.

Leave a Reply