Кумановските пожарникари вчера со три интервенции

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат три интервенции, сите на територијата на Општина Липково.

Loading...

Според Регионалниот центар за управување со кризи, тројца пожарникари вчера гаснеле запален автомобил во селото Слупчане во период од 10:23 до 11:25 часот.

Втората интервенција била на запалена сува трева во атарот на селото Матејче. Таму во период од 11:27 до 14:20 часот интервенирале тројца пожарникари.

Во селото оризаре пак, интервенирале на запалено стрниште во период од 15:10 до 17:40 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово