Кумановските пожарникари со повеќе интервенции викендов

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово викендов бележат неколку интервенции, претежно на запалена сува трева и стрништа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тројца пожарникари со едно противпожарно возило вчера интервенирале на запалена сува трева и стрниште во атарот на селото Романовце. Интервенцијата траела од 12:10 до 13:17 часот.

Сува трева горела и во атарот на селото Липково на потегот кон селото Оризаре. Таму во период од 16:20 до 18:20 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева и нискостеблеста шума вчера горела во атарот на селото Пресница. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 17:45 до 21:40 часот.

Стрниште и сува трева гореле и во атарот на селото Табановце. Траму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 19:45 до 21:55 часот.

Сува трева горела и во населбата Карпош. Таму четворица пожарникари интервенирале во период од 19:10 до 19:40 часот.

Двајца пожарникари со едно протвипожарно возило вчеравечер гаснеле и запален контејнер на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ во период од 20:15 до 20:30 часот.

На територијата на општината Старо Нагоричане не се регистрирани пожари во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Никола Ивановски