Кумановскиот суд донесе пресуди за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење

Сподели со своите пријатели

Основен суд Куманово донесе пресуда за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење, односно го прекршиле полицискиот час.

Loading...

Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, на 13.04.2020 година, донесе седум пресуди, со кои шест лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари, а едно ице е огласено за виновно и осудено на парична казна од 50 дневни глоби во денарска противредност од 60..

Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, на 29.03.2020 година, на 01.04.2020 година и на 05.04.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 25.03.2020 година и 03.04.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период, информираат од кумановскиот суд.

Leave a Reply