„Кумановски вечери“ – фестивал на кој некогаш учествувале илјадници младинци

Сподели со своите пријатели

„Кумановски вечери“ бил фестивал во Куманово кој за прв пат се одржал во 1967 година, а на кој учествувале младинци и пионери од целата општина.

Loading...

На фестивалот младинците ги покажувале постигнатите резултати на културно-забавното поле во текот на една измината година.

Голема масовност фестивалот имал во 1969 година кога се пријавиле околу 3.000 младинци.

Според пропозициите учесниците се натпреварувале во хорско пеење, рецитации, забавни и народни песни, пеачки групи, монолози и слично. Учесниците биле поделени во две групи според возраста и на тој начин се овозможило квалитетите во групите да бидат изедначени што би довело до голема борба за освојување на првите три места во секоја група и категорија.

Исто така, според пропозициите на фестивалот, било предвидено првопласираните младинци и пионери во хорови, и народни и забавни мелодии га го претставуваат Куманово на Републичките смотри што се одржувале секоја година во еден од градовите во Македонија. Првите три места во една група добивале и парични награди.

Третото издание на фестивалот, кое било едно од најмасовните, се одржало на 19 април 1969 година во салата на некогашниот Дом на ЈНА, а учество зеле единаесет младински и пионерски хорови, 27 рецитатори, а најмасовно учество имало од училиштата и културно-уметничките друштва од градот и работните организации во соло пеење и дуети на народни и забавни мелодии. Имало околу 15 оркестри со над 700 изведувачи.

Извор: „Наш весник“ – 15.05.1969 година

Leave a Reply