Куманово утре го пречекува Берое од Бугарија

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 17 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Берое од бугарска Стара Загора во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

По одличната серија од три победи во четири натпревари во регионалната кошаркарска лига, Куманово ќе се обиде да го освои и Берое, иако и за двата тима, евентуална победа не би значела ништо со оглед дека веќе имаат обезбедено пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Мечот ќе се одигра утре во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ пред празни трибини, согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply