Куманово со најмногу смртни сучаи од коронавирус

Сподели со своите пријатели

Педесет и шест годишен кумановец вчера починал од коронавирус, со што Куманово сега е на врвот според бројот на смртни случаи кој изнесува пет.

Loading...

Според Алсат, починатиот е од село Романовце. Кај него присуство на вирусот било потврдено на 1ви април, но вчера неговата здравствена состојба се влошила и починал во болницата „8ми Септември“ во Скопје.

Вкупно во државата досега има 18 смртни случаи, пет во Куманово, во Дебар и Струга има по четворица починати, тројца во Скопје и по еден во Тетово и Велес.

Само во последното деноноќие во Куманово новозаболени се 21 лице.

Никола Ивановски

Leave a Reply