Куманово се разбуди со два сантиметри снежна покривка

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на денот ќе имаме облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат
пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната темтпература денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.

Утринава во Куманово според УХМР формирана е снежна покривка од два сантиметри. Во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер од северен, односно североисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 2 степени. Во текот на ноќта врнежите ќе продолжат, но со послаб карактер, додека температурата ќе се спушти 1 степен под нула.

В петок сеуште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply