Куманово меѓу градовите со најмалку вакцинирано население

Сподели со своите пријатели

Куманово е меѓу градовите со најмалку вакцинирано население, покажува статистиката на Министерството за здравство.

Loading...

Заклучно последните податоци објавени вчера на територијата на најголемата општина во државата, вакцинирани со една доза се 27.056 лица, со две дози 22.982, односно во проценти тоа е 23,7 отсто од целокупното население во Куманово.

Послаб процент на вакцинација имаат Кичево, Дебар, Струмица, а најмалку или 19,9 отсто вакцинирано население има Гостивар.

Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип.

Сепак, како што додаваат од Министерството за здравство, заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот.

Никола Ивановски