Куманово го совлада Вардар (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на куманово вечерва во СРЦ Кале остварија победа врз составот на Вардар во рамките на домашниот шампионат со резултат 95:86.

Loading...

 

 

Уште од стартот на мечот кумановци прикажаа изедначена игра со својот противник, па првите десет минути на паркетот завршија со предност од еден поен за Вардар, односно резултат 22:23.

 

 

Loading...

Втората четвртина Вардар повторно успеа да го надигра Куманово, па на полувреме се замина 46:49.

 

 

Второто полувреме беше далеку подобра за сино-белите. По кратката пауза избраниците на тренерот Владимир Мирковски го надиграа Вардар и влегоа со предност во последните десет минути од средбата.

 

 

Loading...

Со еден поен беа подобри во завршниот дел од средбата, и впишаа победа во домашниот шампионат.

 

 

Во тимот на Куманово со 20 поени најефикасен беше Отис Ливингстон, 16 впиша Дамјан Робев, 15 Рос, а поен помалку Живчевиќ.

 

 

Loading...

Кај Вардар најефикасен беше Провел со 35 поени и Дикембе со 31.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply