Куманово го добива својот прв Retail park

Сподели со своите пријатели

Започнува со изградба првиот Ритеил (Малопродажен) Парк во Куманово.

Loading...

Со вкупна површина од 35.000 м2 на купувачите ќе им бидат на располагање веќе познатите домашни и странски модни брендови, трговски ланци за храна, техничка стока, покуќнина и мебел

По пример на Европските градови,  втор Retail Park во нашата држава до крајот на годината ќе добие Куманово. Eсклузивен застпник за изнјмување е домашната компанија Cushman and Wakefield/Fortonmka.

Паркот се наоѓа покрај автопатот Е-75, на влез-излез од Куманово, на местото на некогашната Винарија. Позциониран е на идеална локација наспроти влезот во Куманово кај бензинската пумпа.

Локацијата му овозможува да биде достапен за локалното население, како и за патниците кон северниот и јужниот сосед.

На површина од 35.000 м2 купувачите ќе ги сретнат веќе познатите модни брендови, хипермаркет, трговски ланци за уреди за домаќинство и продавници за покуќнина и мебел. Закуп на продажен простор веќе потврдија добропознатите брендови, а интересот за паркот е одличен.

За целосно заокружен комфорт при купувањето, малопродажниот комплекс ќе има свој сопствен паркинг простор за автомобили и автобуси, со лесна пристапност и движеење при пристигнување и заминување.

„Овој проект е oдговор на барањето на жителите на Куманово и околината за модерен простор за пазарување, со најбараните брендови организирани во една целина„ изјави Катарина Николов, раководител на секторот за малопродажба во Cushman and Wakefield/Fortonmka.

Loading...

Retail паркот е инвестиција на локална компанија (Топ Драјвер).

Leave a Reply