Кумановец возел со 2,22 промили алкохол: Вкупно 333 казни викендов

Сподели со своите пријатели

Вкупно 333 возачи биле казнети викендов на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, а меѓу нив и еден рекордер кој возел со 2,22 промили алкохол.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа, на подрачјето на СВР Куманово биле санкционирани вкупно 333 возачи, информираат од кумановската полиција.

Најголемиот дел од казните, или вкупно 285 од казните биле поради управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

 

 

Меѓу 31 возачи кои возеле под дејство на алкохол, имало и таков со 2,22 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово

– Санкциониран е едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.22 промили, велат од СВР Куманово.

Loading...

Меѓу казните имало и 14 за управување возило без возачка дозвола и три за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски