Кумановец со остар предмет се заканувал во дом на сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека со остар предмет се заканувал во дом на сограѓанин.

Loading...

– На 09.04.2024 во 05.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.(40) од Куманово затоа што претходно, поради нерасчистени меѓусебни односи, со остар предмет му се заканил на О.З. во неговиот дом во населба Јане Сандански во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат жител на Матејче