Кумановец приведен оти бил агресивен и се заканувал во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на вработени во угостителски објект.

Loading...

– На 02.11.2023 во 11.00 часот во Кумнаово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(45) од Куманово затоа што во угостителски објект во село Проевце, кумановско, агресивно се однесувал и се заканувал на вработените во објектот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп