Кумановец нашол туѓа картичка па испазарил за 230.000 денари

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец бил приведен поради сомнение дека со туѓа картичка си испазарил за сума од 229.531 денар.

Loading...

– На 01.11.2022 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40- годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Никола Ивановски