Кумановец крадел од паркиран автомобил, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера од полицијата под сомнение дека крадел од паркирано возило.

Loading...

– На 25.02.2024 во 12.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(21) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој се сомничи дека на 24.02.2024 од паркирано возило на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети.

– А.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово