Кумановец ќе одговара за пожар во затворот во Охрид

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

На 12.03.2018 година во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, истиот најверојатно со цигара намерно запалил кебиња и јоргани.

Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.

Leave a Reply