Кумановец ќе одговара за измама и оштетување туѓи права

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово вчера поднесе кривична пријава против И.А.  (44) година од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „Измама“  член 247 став 3 и „Оштетување туѓи права“ по член 244 став 1 од КЗ  на РМ.

Имено, пријавениот, на 17.07.2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист во својство на продавач склучил Преддоговор за купопродажба на недвижен имот стан заверен кај Нотар од Куманово од 17.07.2018 година со И.П. како купувач. Истиот откако предходно го уверил оштетениот дека предметниот имот е негова сопственост, дека истиот не е оптоварен, дека со друго лице не е склучен некаков правен акт ниту дека друго лице полага право на истиот, го навел оштетениот да му плати вкупен износ од 18.862 евра како дел од купопродажната цена. Со оглед на тоа дека во нареден период не била постигната согласност за конечен Договор за купопродажба, пријавениот веќе склучил Преддоговор за купопродажба на недвижен имот со друго лице од Куманово заверен кај друг нотар од 15.09.2018 година.

Како што додаваат од СВР Куманово, И.П еднаш со Известување доставено до пријавениот побарал да биде раскинат преддоговорот и да му бидат вратени парите што ги дал како дел од купопродажна цена, но и покрај тоа И.А. избегнувал секакво раскинување на преддоговорот, ветувајќи дека  ќе му ги врати парите на неколку рати, за што се сложил и оштетениот, но и покрај повеќе обиди не успеал да оствари средба со пријавениот а бидејќи во последно време не му се јавувал на телефон, оштетениот убеден дека е измамен до СВР Куманово поднел кривична пријава за сторена штета од 18.862 евра во денарска противвредност од 1.184.943 денари.

Leave a Reply