Кумановец извршил пет кражби во февруари, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека минатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски