Кумановци превезувале огревни дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени завчера откако полицијата открила дека превезуваат огревни дрва без лиценца. Третото им избегало.

Loading...

– На 18.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с.Лопате, кумановско и М.С.(49) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

– Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото, велат од полицијата.

Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски