Кумановци преку анкета се изјаснуваат за воведување бесплатен јавен превоз

Сподели со своите пријатели

Кумановци имаат можност преку анкета да се изјаснат дали се заинтересирани за воведување на бесплатен јавен превоз во период на енергетска криза. Анкетата ја објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој информираше дека во тек се интензивни разгори и координации со Светот, со фирмите вршители на јавниот градски превоз во градот за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии.

Loading...

-Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот буџет за 2023 година, информираше Димитриевски.

 

 

Граѓаните имаат различно мислење, дел сметаат дека можноста е добра и ќе заштеди од семејните буџети, други пат велат дека ништо не е бесплатно и дека сметката ја плаќаат самите граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Димитриевски најавува дека ќе излезе со конкретно предлог решение кое треба да помине на советот при гласање на годишна програма и буџет.

МИА

Loading...