Кумановци не се заинтерсирани за чист воздух (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци не се заинтересирани каков воздух ќе дишат, а доказ за тоа беше и денешниот протест под мотото „Излези за чист воздух“ на кој на градскиот плоштад излегоа едвај стотина граѓани од општина која брои над 120.000 жители.

 

Loading...

 

 

Протестот следува по 14 последователни дена загаден воздух во општината што е и еден од основните мотиви за организација на настанот преку кој граѓаните бараа од надлежните преземање итни мерки за намалување на аерозагаденоста.

– Четиринаесет дена имаме проблем кој е игнориран од институции кои се надлежни да го решаваат тој проблем. Константно секоја година се соочуваме со проблемот на изненадување, ќе не изненади снег во зима, сонце во август, загаден воздух во ноември, едноставно тие мерки кои ги преземаат надлежните институции не даваат резултати. Според нашето мислење и мислење на некои експерти најголем проблем е сообраќајот во градот, затоа една од првите мерки кои можат да ги преземат надлежните институции е промена на сообраќајниот режим. Ескалација на проблемот со загадениот зводух почна со сообраќајниот режим, со еднонасочни улици имаме многу голема гужва, нерешен паркинг и многу други проблеми кои прават ваква состојба, тоа е и решение кое може веднаш да се примени, изјави Милош Стаменковиќ, организатор на протестот.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/356010988301860/

Како што додаде Стаменковиќ, општината презема долгорочни мерки кога има проблем за кој треба да се делува веднаш.

 

 

Loading...

 

Пред присутните се обрати Ивана Аткинс, член на иницијативата „Излези за чист воздух“ која пред присутните истакна дека ова не е партиски протест, туку единствен мотив е енормната загаденост на воздухот.

 

 

 

Аткинс се наврати на акцискиот план на кризниот штаб кој минатата година беше усвоен, но истакна дека ништо не е реализирано од истиот.

– Освен градоначалникот останатите одговорни лица се уште се на истите позиции. Што презема Одделението за заштита на животната средина и заштита на природата на Општина Куманово? Што презема локалната власт вон редовните активности на јавните претпријатија? Дали постојат изготвени стратешки документи, програми, планови и проекти. што е пречката за нивната реализација, кои работи му беа доверени на одделението од Советот и градоначалникот во изминатите година дена? Што ветија СДСМ во програмата? Што исполнија од минатата година до сега, рече Аткинс.

 

 

Loading...

 

Активистот Аткинс упати критика и кон свеста на граѓаните кои допринесуваат за загадување на сообраќајот, но го потенцираше и еднонасочниот сообраќај како еден од поголемите проблеми.

– Дали требаше да поминат 14 дена последователно енормно загадување за да се потикне реакција од опизицијата во Советот на општината за да повика на вонредна седница. Ноември е, што очекувавте дека ќе се случува од овој месец понатаму? Се надевавте на уште еден летен октомври? Нема уште еден летен октормври, ама има нешто друго, има нешто што се вика краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, ако не се угушиме од овој воздух за да ги дочекаме, рече Аткинс.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/258273294822465/

На протестот како мерки за намалување на загаденоста на воздухот беа посочени промената на сообраќајниот режим и промовирање на возењето велосипеди и пешањето, ограничување на пристапот на возила во централното градско подрачје и намалување на празен од, инспекциски надзор и следење на примената на законските прописи и прописите на општината во однос на заштита на животната средина и природата, како и контрола на производствените погони.

– Двосмерна „Народна револуција“ од потег на улица „Илинденска“ до крстосница со улицата „Кирил и Методиј“, двосмерна улица „Ленинова“, забрана за движење со автомобили освен за возила за дотур на стока во централниот градски прстен, барем за викенд, забрана за движење по правило пар – непар, мораториум за тековни градежни активности, истакна Аткинс.

 

 

 

Иако на наше прашање претходно, дали градоначалникот Максим Димитриевски ќе дојде да ги слушне барањата на граѓаните се изјасни позитивно, сепак денеска ниту тој, ниту било кој од локалната самоуправа не се појави на градскиот плоштад во Куманово.

Leave a Reply