Куќа изгоре во пожар во Лојане

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера околу падне пеплосал куќа во селото Лојане, Општина Липково.

Loading...

На интервенцијата учествувале четворица пожарникари од кумановската Територијална противпожарна единица во период од 12:55 до 14:05 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Причината за избувнување на пожарот, како и вистината на нанесената материјална штета засега не се познати.

Кумановските пожарникари вчера имале уште две интервенции.

Втората интервенција исто така била на подрачјето на Општина Липково, каде во селото Ваксинце се запалила сува трева. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 15:50 до 17:50 часот.

Сува трева горела и во атарот на селото Долно Којнаре, каде во период од 17:55 до 18:57 часот интервенирале тројца пожарникари од ТППЕ Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply