Куче регистрирано како гласач на прелиминарните избори на француските републиканци

Сподели со своите пријатели

На списокот членови на Француската Републиканска партија кои можеа да гласаат на предизборите за претседател на партијата во декември минатата година се најде и куче.

Loading...

Советникот на Ерик Чиоти, кандидатот кој не победи на изборите, призна дека го додал своето куче на листата, објави во четвртокот истражувачката онлајн платформа Медиапарт.

Тој на шега платил членарина од 30 евра за своето куче Кловис, но не му купил мобилен телефон кој е неопходен за учество на изборите.

 

 

 

На почетокот на декември, републиканците ја прогласија поранешната државна секретарка Валери Пекрес за нивна прва жена кандидат.

Loading...

Се шират гласини дека некои од 140.000 членови на партијата поканети да гласаат се нагло и под сомнителни околности додадени на списокот.

На списокот има и тројца загинати, објави во четвртокот весникот Либерасион.

Пекресе изјави за BFMTV дека веста за нерегуларностите поврзани со изборите е обид да се дестабилизира.