Крстаречки ракети полетаа од Северна Кореја: Трет пат овој месец!

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска истрела повеќе крстосувачки ракети во водите во близина на нејзиниот западен брег, во третото лансирање на такво оружје овој месец, соопшти војската на Јужна Кореја.

Loading...

Генералштабот во Сеул додаде дека јужнокорејската и американската војска ги анализирале лансирањата, кои биле откриени околу 7 часот по локално време, но не навеле повеќе детали, вклучувајќи го бројот на истрелани проектили, до каде полетале и дали биле лансирани од копно или море.

Лансирањето следеше по тестовите на 24 и 28 јануари на крстосувачката ракета Пулвасал-3-31, за која Северна Кореја вели дека е дизајнирана да биде лансирана од подморници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  BBC: Иранска тинејџерка сексуално нападната и убиена од мажи кои работеле за безбедносните сили

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.