Кривична пријава против кумановец за фалсификување пари

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека со фалсификувани пари купил гориво на бензинска станица.

Loading...

– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Д.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово