„Кралот на виршлите“ го собори светскиот рекорд на ден на независноста на САД

Сподели со своите пријатели

Кралот на виршлите Joои Честен го надмина сопствениот рекорд во неделата јадејќи 76  хот дога на годишниот натпревар за јадење.

Loading...

Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. Честен (37) од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи уште една виршла. Организаторите рекоа дека неговиот потфат за уживање на 4 јули, кога САД ја слави својата независност од британското владеење, го собори светскиот рекорд.

 

 

Во конкуренција за жени победи наставничката Мишел Леско (37) од Аризона, која проголта нешто помалку од 31 виршли. Сепак, таа беше далеку под светскиот рекорд кај жените, поставен од Мики Судо минатата година, со 48,5 виршли изедени за десет минути.

Минатата година натпреварот се одвиваше без гледачи поради пандемијата на коронавирусот.

Натпреварот постои од 1972 година и се одржува секоја година по повод Денот на независноста.

Loading...

Leave a Reply