Кралицата Елизабета го дочека десеттото правнуче: Внуката Зара и поранешниот рагбист го добија третото дете

Сподели со своите пријатели

Внуката на британската кралица Зара и поранешниот рагбист Мајк Тиндал објавија дека добиле син кој го нарекоа Лукас Филип Тиндал.

Loading...

Би-Би-Си објави дека портпаролот на двојката објавил дека нивното трето дете се родило во неделата со три килограми и 800 грама, а момчето е 22-то во редот за круната и му било дадено средно име во чест на неговиот татко, но и дедото на неговата мајка.

 

 

Бакингемската палата издаде соопштение во кое се наведува дека кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, се воодушевени од оваа вест и со нетрпение очекуваат да се сретнат со својот десетти внук кога ќе дозволат околностите, пренесува Танјуг.

Зара Тиндал (39) е ќерка на принцезата Ана, која е единствената ќерка на британската кралица, а таа и нејзиниот сопруг веќе имаат две деца, седумгодишната Миа и двегодишната Лена, според Би-Би-Си .

Leave a Reply