Ковид тестовите чинеле многу повеќе од вакцините?

Сподели со своите пријатели

Големите лаборатории имаат корист од бесплатното тестирање во Австрија, а трошоците за тестирање значително ги надминаа трошоците за набавка на вакцини, поради што се погласни се барањата за нивно укинување.

Loading...

Досега се направени повеќе од 286 милиони тестови за корона, а дадени се 17,9 милиони дози вакцина против Ковид19.

Со половина милион ПЦР тестови дневно, Австрија стана „светски шампион во тестирање“, но тоа тестирање ги чини даночните обврзници во земјата скапо, многу поскапо од вакцинациите.

Собраниската анкета на партијата НЕОС покажа дека само Министерството за здравство лани имало трошоци од 1,7 милијарди евра за тестирање.

За тековната година се пресметани трошоци во износ од 1,3 милијарди евра.

Овие бројки не ги вклучуваат тестовите во училиштата.

За споредба, трошоците за вакцинација лани изнесуваат 0,47 милијарди евра, а се проценува дека годинава ќе достигнат 0,75 милијарди евра.

Министерството за финансии лани и полани издвои 2,6 милијарди евра за тестови.

Loading...

За споредба, набавката на вакцини во истиот период чинела околу 340 милиони евра.

Од почетокот на пандемијата, спроведени се околу 97 милиони PCR и околу 189 милиони антигенски тестови, што е вкупно 286 милиони тестови или 32 тестови по глава на жител во Австрија.

Големите лаборатории, како што е Lifebrain, имаат голема корист од широка стратегија за тестирање.

Во Виена на „Лајфбреин“, според шефот на таа лабораторија, Мајкл Хавел, се наплаќа околу шест евра по ПЦР тест, а бидејќи дневно се прават по 400.000 тестови, тоа е дневен промет од 2,4 милиони евра.

Фирмите кои ги тестираат своите вработени добиваат паушална сума од 10 евра од државата по спроведен и регистриран антиген или ПЦР тест.

За спроведениот тест аптеките добиваат 25 евра.

Критичарите на бесплатното тестирање сметаат дека тоа не е потребно кога има задолжителна вакцинација, а сметаат дека стратегијата за тестирање не придонела за раст на вакцинацијата.