Кошаркарска сабота во Куманово: Жените против Пелистер, мажите против Феникс

Сподели со своите пријатели

Два натпревари од првата кошаркарска лига денеска ќе се одиграат во Куманово.

Loading...

Во првиот термин Женскиот кошаркарски клуб Куманово го пречекува составот на Пелистер во рамките на 14. коло од Б групата во женската кошаркарска лига.

Кумановки досега имаат четири победи, од кои две веќе во низа откако го симнаа Шкупи од лидерската позиција, а минатиот викенд на гостински терен го совладаа составот на Пониква.

Тоа ги доведе до седмото место во табелата, додека Пелистер се за една позиција подобри и имаат две победи повеќе.

Средбата започнува денеска во 16 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Три часа подоцна на репертоарот е 15. коло од машката прва лига, каде Куманово го пречекува составот на Феникс. Избраниците на Игор Ѓорѓиевски ќе треба да се помачат да се реваншираат за првата средба сезонава кога загубија од Феникс, но и да се вратат на победите.

Од досегашните натпревари имаат само три победи со што се на 9 позиција во табелата, додека Феникс а нешто повисоко на четвртата со девет победи и денеска влегува како фаворит во мечот.

Оваа средба се игра од 19 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Loading...

Никола Ивановски