Коронавирусот попушта во Русија: Најмалку новозаразени од крајот на октомври

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 33.996 потврдени инфекции со Ковид-19, што е најмал број новозаразени од 19 октомври, соопшти денеска Кризниот центар за борба против корона вирусот.

Loading...

Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани вкупно 9.400.835 случаи на коронавирус, пренесува агенцијата Тас с.

Бројот на починати од последиците од заразата во наведениот период е зголемен на 1.243 лица, наспроти 1.241 лице што починале претходниот ден.

Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 266.579 пациенти, соопшти Центарот за кризи.