Колку дожд падна ноќва во Куманово и какво ќе биде времето денеска?

Сподели со своите пријатели

Изминатото деноноќие на територијата на Куманово наврнале 14 литри дожд на метар квадратен, покажуваат податоците на мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кумановци утринава се разбудија на 11 степени и дождливо време. Максимумот во текот на денот ќе достигне 14 степени, но облаците и дождот ќе се задржат.

Според синоптичарите, во текот на ноќта и рано утринава времето е претежно облачно во поголемиот дел од земјава со врнежи од дожд, кои во западните делови беа пообилни. Во источните делови на места дуваше умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а утрово во југоисточните делови има појава на ретки грмежи.

Во текот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер, на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Во југоисточните делови од земјава се очекува да наврнат над 35 л/м 2 воден талог.

Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 17 степени.

Leave a Reply