Колку дневно треба да пешачиме за да изгубиме некој килограм?

Сподели со своите пријатели

Ако планирате да изгубите тежина, а не сте голем љубител на вежбање и тренинзи, и покрај тоа што сакате да постигнете резултати малку побрзо, може да го сметате секојдневното одење како активност што ќе ви помогне да изгубите тежина.

Loading...

Експертите велат дека брзите методи за слабеење често имаат „бумеранг“ ефект кога несаканите килограми брзо се враќаат, но тоа не е случај при одење.

 

 

За да се ослободите од несаканите килограми, бидете конзистентни и пешачете секој ден. Тоа значи околу 300 минути неделно, односно еден час дневно, пет дена во неделата.

Ако пешачите повеќе од еден час, резултатите ќе бидат побрзи и повпечатливи. Променете го интензитетот на одење и обидете се да поминете растојание од 1,5 километри за 15 до 20 минути. Обрнете внимание на држењето на телото.

Ако имате тешкотии и не можете да пешачите по еден час секој ден, обидете се да одржите интервал од десет минути одење во шест наврати.

Loading...