Колку деловни субјекти постојат во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Во Куманово, според податоците на Државниот завод за статистика постојат 3.002 активни деловни субјекти.

Loading...

Најголем дел од нив се во категоријата микро претпријатија, односно вкупно 2.123.

Вкупно 844 претпријатија се во категоријата мали претпријатија, како средни се регистрирани 24, а големи се само 11.

Најголем дел од претпријатијата се во категоријата трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и моторцикли, односно вкупно 986 претпријатија.

Следува преработувачката индустрија со вкупно 427 претрпијатија, 268 се во категоријата стручни, научни и технички дејности, 249 се регистрирани како други услужни дејности, 211 се занимаваат со транспорт и складирање, 179 се објекти со сместување и сервисни дејности со храна.

Најмалку субјекти се регистрирани во категоријата Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, само две.

Leave a Reply