Кои се несаканите дејства на антибиотикот?

Сподели со своите пријатели

Некои несакани ефекти се мачнина или дијареја, прилично се чести, додека некои други несакани дејства на овие лекови се ретки, но опасни. Еве што треба да знаете.

Loading...

Антибиотиците се лекови кои најмногу се користат, а експертите често предупредуваат дека можеби се користат премногу, поради што можна е појава на бактерии отпорни на нив.

Како и сите други и овие лекови можат да имаат несакани појави, а кога веќе толку ги користиме, не е лошо да знаеме кои се несаканите дејства кои можат да ни се случат.

Проблеми со варењето

Најчесто пациентите кои пијат антибиотици се жалат на проблеми со варењето, мачнина, повраќање и дијареја, вели др. Кејт Џинтарс.

Таа истакнува дека консумирањето доста течност и избегнување намирници кои содржат многу влакна може да помогне да се ублажат овие проблеми, додека не го испиете антибиотикот до крај.

Доколку дијарејата стане посериозна, секако би требало да одите на лекар затоа што значи дека антибиотиците ги убиле добрите бактерии во цревата, па може да дојде до дехидратација. Значи, ако пиете антибиотици, а имате водена столица неколку пати дневно, веднаш на лекар.

Главоболки

Loading...

И ова е чест непосакуван ефект на антибиотиците.

– Ако имате главоболки, а не мислите дека се последица на недостаток на сон или вода, секако можат да бидат последица на земањето антибиотици. Обично тие главоболки не се силни и само се моментално. Се додека не предизвикаат некоја посилна болка, обичните аналгетици можат да помогнат, истакнува др. Џинтарс.

Чувствителност на сонцето

Некои антибиотици влијаат на начинот на кој кожата реагира на ултравиолетовото зрачење. Изложеноста на сонце во период кога земате такви лекови може да го зголеми ризикот од изгореници, појави на плици, лупење на кожата и чувствителност на клетките на кожата.

Некои од овие лекови во интеракција со сонцето можат да бидат причина за црвенило и исипаници на кожата, дури и по само 15 минути изложеност на сонце. Поради тоа луѓето кои земаат тетрациклин или флуорокинолни антибиотици треба да избегнуваат подолга изложеност на сонце и да носат заштитна облека надвор.

Габични инфекции

Поради тоа што антибиотиците влијаат на бактериите во нашето тело, можат да не направат подложни на габични инфекции, вели др. Џинтарс. Таквите ингекции можат да се јават во устата, на кожата, на ноктите…

Антибиотиците, посебно кога долго се земаат, можат да влијаат и на балансот на бактерии во вагината. Тоа може да ја промени pH вредноста и да допринесе за појава на габични инфекции. Земањето анти-габични лекови додека земате и антибиотици може да го спречи тоа, но секако не би требало да земате лекови без консултација со лекар.

Loading...

Анафилакса

Едни од најстрашните и најопасни негативни појави на антибиотиците се алергиските реакции.

– Кај луѓето може да се јави осип, да дојде до отекување на усните или губење здив, предупредува докторката, додавајќи дека може да имаат и анафалактички шок, при што грлото отекува и го затвора дишниот пат, поради што веднаш е потреба доза епинефрин, за да се спаси животот.

Ваквите реакции не се чести, но дефинитивно треба да се имаат на ум, особено ако земате некои нови антибиотици кои претходно не сте ги користеле.

Тетиви

Лековите познати како флуорокинолони често се користеле за лекување на воспаление на бели дробови, бронхитис и инфекции на уринарниот тракт. Но, лекарите утврдиле дека овој тип антибиотици има посериозни несакани реакции од другите видови лекови, а некои од реакциите се отекување на тетивите и трајно оштетување на нервите.

Поради тоа оваа врста антибиотици се дава само ву случаи кога другит елекови не можат да помогнат.

Депресија и анксиозност

Loading...

Флуорокинолоните, заедно со пеницилинот и другите лекови од тоа семејство, се поврзуваат со депресија и анксиозност. Студија спроведена во 2015 година покажала дека што повеќе антибиотиците користи личноста низ животот, поголеми се шансите за развој на депресија и анксиозност.

Антиобиотиците ги менуваат микробиомите во телото, покажало истражувањето, што може да влијае на невролошките врски, метаболизмот, имунитетот, а сето тоа може да има влијание врз менталното здравје на личноста.

– Тоа се само некои од причините зошто антибиотици треба да се земаат само во случај на потреба, и по препорака на лекар, истакнува др. Џинтарс.

Leave a Reply