Кличко: Обезбедивме 1.000 топлински станици

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави денеска дека градските власти подготвуваат повеќе од 1.000 топлински станици низ градот во случај системот за централно греење да биде оневозможен поради руски воздушни напади.

Loading...

„Најлошо е онаму каде што воопшто нема да има струја, вода или парно греење. Затоа обезбедивме 1.000 грејни станици во нашиот град“, напиша Кличко во објавата на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој додава дека станиците ќе бидат снабдени со основни животни потреби.

Нападите со ракети и дронови оштетија околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина и предизвикаа прекини на струјата и водата во некои делови на Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.