КК Куманово утре го пречекува Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Кожув во рамките на третото коло од домашниот шампионат.

Loading...

Избраниците на тренерот Владимир Мирковски утре ќе ја бркаат својата прва победа сезонава, откако досега тоа не им тргна од рака против екипите на Чаир и Еуро Никел.

Кожув досега има една победа и еден пораз.

Натпреварот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 19 часот.

Никола Ивановски