КК Куманово со 100 поени „си купи билет“ за полуфинале (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 100:94 од мечот со Работнички, Кошаркарскиот клуб Куманово запиша трет поен во рамките на плеј офот кој изабраниците на Марјан Србиновски ги води во полуфинале од Првата македонска кошаркарска лига каде ќе ги мерат силите со Карпош Соколи.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”351″]

 

По само 30 минути кумановци направија предност од 21 поен разлика (85:64) која гостите од Скопје во последниот период успеаја да ја сведат на само шест, откако сино-белите се опуштија во последните неколку минути од натпреварот.

Сите од стартната петорката на кумановци беа двоцифрени со тоа што најефикасен беше Трајковски со 24 кошеви, додека за Работнички 29 поени реализираше Чековски.

Втората полуфинална двојка ја формираат МЗТ Скопје Аеродром со Фени Индустри кој исто со резултат од 3:1 против Кожув закажа полуфинална средба.