КК Куманово оди во полуфинале на Кошаркарскиот куп на Македонија

Сподели со своите пријатели

КК Куманово го елиминираше Работнички од Кошаркарскиот куп на Македонија со резултат од 85:79 по вечерашната борба во четвртфиналето во Гевгелија.

Иако и двата тима покажаа извонредна игра уште на самиот стар, сепак со водство од четири поени на крајот од првата четвртина замина Работнички, а подоцна за неполна минута во втората Ракоќевиќ и Симоновски во комбинација со Трајковски го доведоа својот тим во предност од пет поени.

Но, со добра одбрана подоцна Работнички направи серија од 6:0 па во 25-та минута дојде до израмнување со резултат од 48:48.Изабраниците на Тодоровиќ, а пред се Ракочевиќ брзо вратија +8 за „бело-сините“. Во ова чудно надигрување момците на Докузовски не се предаваа и со поени на Тасовски и Чековски третиот период го завршија со само -2.

Неизвесноста во мечот дојде повторно со подобрената игра на Работнички, а следеа и две дефанзивни грешки, па тио слободни фрлања и Куманово се врати во водство (76-74). Репрезентативецот потоа погоди уште една тројка за одлепување на +5 на три минути до крајот. „Црвените“ не се предаваа и Чековски намали на 81-79. Но, Костовски и Трајковски ја завршија работата за финална победа на Куманово со 85-79.

Со 25 поени каок најдобар кај КК Куманово заврши Ракочевиќ, а Костоски со 23, додека во противничкиот табот најдобар беѓе Чековски со 28 бода.

Во полуфиналната игра и борба за големото финале на домашниот куп Куманово ќе мора да го совлада ривалот Карпош Соколи.