КК Куманово ги доби противниците во втората фаза од БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово ги добија противниците за втората фаза од натпреварувањето во регионалната БИБЛ лига, а станува збор за екипа од Бугарија и Израел.

Loading...

Во Г групата се најде Куманово кое ќе одигра четири натпревари со екипите на Академик од Пловдив, Бугарија и Хапол Холон од Израел.

Во групата Ф се најде скопски ТФТ кој за противници ги има Берое и Хапоел Гилбоа Галил.

Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата.

Раководоството на БИБЛ лигата дополнително ќе го направи распоредот кога ќе се одиграат натпреварите согласно обврските на клубовите, но и националните федерации.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply