ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ЛИ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ? Неделна прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во итнтервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Loading...

Температурата низ кумановско ќе се движи од 17 степени во утринските часови, до максимални 36 во текот на денот.

 

 

Утре во Куманово и околината ќе имаме сончево и многу топло време. Температура во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 37 степени целзиусови.

Среда носи дестабилизација на временската состојба и благ пад на температурите. Ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за нестабилност проследена со врнежи од дожд и електрични празнења во текот на попладневните часови. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 33 во текот на денот.

Слично ќе биде и в четврток, но условите за врнежи ќе бидат помали. Утринската температура ќе биде околу 14 степени, додека максималната дневна ќе забележи благ пад и ќе изнесува 29 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Стабилно време повторно ќе имаме веќе од петок, но температурите ќе бидат во благо опаѓање споредено со периодот зад нас.

Петок носи сончево до умерено облачно време. температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме за време на претстојниот викенд.

Во сабота ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. На одредени локации постојат минимални услови за појава на нестабилност со грмежи и слаб дожд. Температурата ќе се движи од 16 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

Во недела нѐ очекува слично време со дневен максимум кој ќе биде за еден степен повисок споредбено со сабота, односно до 31 степен целизусов, додека во утринските часови ќе изнесува 16.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и кон почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски