Кирби: Бајден и натаму се противи на испраќање војници во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден сѐ уште се противи на испраќање војници во Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Белата куќа за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност.

Loading...

Тој ја коментираше неодамнешната приказна на телевизијата „Си-Би-Ес“ во која командантот на американската 101-та воздушна дивизија, која пристигна во Романија, зборуваше за неговата подготвеност „да ја премине границата и да влезе на територијата на Украина“, пренесе РИА Новости.

Според него, тоа би било можно само во случај на воена ескалација или напад на НАТО, пренесува Танјуг.

Кирби истакна дека Бајден не ја променил својата одлука да не ја вклучи војската во овој конфликт.

„Не сум разговарал со командата на 101-та воздухопловна дивизија, знам дека тие учествуваат во вежбите на НАТО, со некои од нашите сојузници. Сепак, претседателот беше многу јасен. Американската војска нема да се бори во Украина“, нагласи Кирби.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.