КИНЕСКИ АВТОМОБИЛ НОВО ИМЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР: Се заканува дека ќе ги скрши сите германски модели (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската автомобилска компанија Great Wall не е непозната на Стариот континент, но досега немаше голем успех на европскиот пазар со своите нискобуџетни возила.

Loading...

Сепак, на Саемот за автомобили во Минхен, се претстави со новата, премиум марка Wey и теренецот Coffee One.

Станува збор за „plug-in“ хибрид чија целна група се купувачи на луксузни автомобили на големото германско трио. Според кинеската компанија, Coffee One прво ќе се нуди во Германија, а потоа и на друг од големите европски пазари, како што се Италија или Шпанија. Потоа ќе следи офанзива на целиот континент.

 

 

Coffee One се напојува со 2.0-литарски бензински мотор и два електромотори со вкупна моќност од 467 „коњски сили“ (355 kW). Менувачот е 9-брзински со двојна спојка, а автомобилот стигнува до 0-100 км / ч за помалку од 5 секунди.

Бидејќи станува збор за „plug-in“ хибрид, производителот тврди дека теренецот е во состојба да помине до 150 километри исклучиво со електричен погон, што значи дека практично целото градско возење би можело да се изведува на електрична енергија.

Loading...

Со должина од 4,87 m, Wey Coffee One е во однос на димензиите помеѓу моделите како што се BMW X3, Audi Q5 и Mercedes GLC, од една страна, и BMW X5, Audi Q7 и Mercedes GLE, од друга страна.

Како што дознава Automotive News, Coffee One можеби не е конечното комерцијално име на серискиот модел кога овој луксузен теренец ќе пристигне во продажните салони.

 

 

Компанијата го избра затоа што е препознатлив низ целиот свет. Инаку, брендот Wey е релативно нов автомобилски бренд кој работи во Кина во последните пет години и досега има продадено над 400.000 возила во таа земја.

Европските продажби ќе започнат на германскиот пазар, а првите испораки до клиентите се планирани за 2022 година.

Цената сеуште не е откриена, но за овој SUV да биде конкурент во Германија, би требало да биде значително поевтин од домашните премиум модели.

Loading...