Кина предлага радикални промени на интернетот

Сподели со своите пријатели

Кина, Huawei и кинеските оператори бараат да редизајнираат клучен аспект на интернетот – и додека можеби има некои позитивни страни, нивните идеи предизвикаа загриженост.

Loading...

„Фајненшл тајмс“ пишува дека групата предложила нов интернет протокол на ITU, Nova IP, кој теоретски нуди поефикасно адресирање и управување со мрежа од постојниот TCP/IP стандард, но, исто така, се чини дека има пропусти што овозможуваат авторитарните режими да ги цензурираат и да ги следат своите жители.

Наскоро сами ќе можете да го подесите квалитетот на видеата на Јутуб

Најважната точка е дека постои „команда за гаснење“ што ќе му овозможи на централниот дел на мрежата да ги отсече податоците што одат до или од адресата.

Како што може да претпоставите, ова може да биде корисно ако Кина сака да го замолчи активистот без прибегнување кон дополнителни алатки.

Исто така, постои загриженост дека Nova IP ќе бара автентификација и овластување не само на новите интернет адреси, туку и на инволвирани лица и пакети со податоци што се испраќаат.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Кина веќе долго време упатува барања за поврзување на вистинските имиња со корисниците на интернет, а тоа потенцијално ги поврзува луѓето со самата интернет-врска.

Loading...

Тестирање на нов стандард во почетокот на 2021 година

Nova IP треба да биде подготвена за тестирање до почетокот на 2021 година. Портпаролот на Huawei изјави дека Nova IP е наменета само за техничките услови за промена на дигиталното опкружување и не врши контрола.

Што е TikTok и како да го искористите овој почетен залет?

Во своите презентации, Huawei го карактеризираше ова подобрување како клучно за „холо-сенс телепортација“ и автоматско управување со автомобили. Претставникот додаде дека технологијата е „отворена за научниците и инженерите ширум светот“.

Сепак, изјавите се чини дека не одговараат на природата на дизајнот и на оние што го поддржуваат. Отвореноста на проектот не го менува фактот дека Nova IP ќе им даде поголема конгрола на владите над нивните делови од интернет.

Кога кинеската влада игра своја улога во креирање стандарди и поддршка на слични авторитарни нации како Русија, таа сигурно ќе предизвика загриженост.

ОСНОВАЧОТ НА ИТЕРНЕТОТ: Како светската мрежа стана опасна за жените?

Нема гаранција дека ITU ќе ја прифати Nova IP како стандард, а камоли доволно земји да ја прифатат технологијата за да ја направат одржлива.

Loading...

Како и да е, неговото постоење веројатно нема да ги убеди застапниците на граѓанските слободи кои „глупавата“ природа на TCP/IP ја гледаат како предност што помага во зачувувањето на слободата на изразување и основното ниво на анонимност.

Leave a Reply