ОСНОВАЧОТ НА ИТЕРНЕТОТ: Како светската мрежа стана опасна за жените?

Сподели со своите пријатели

Тим Бернерс Ли, англиски инженер и компјутерски експерт познат како изумител на интернетот, повика на итна акција бидејќи глобалната компјутерска мрежа стана опасна за жените.

Жените се соочуваат со навреди преку интернет, сексуално вознемирување, заканувачки пораки и дискриминација, што го направи интернетот небезбеден и опасен за нив, рече Бернарс Ли, а пренесува англискиот Гардијан.

Loading...

1,5 терабајти податоци протекоа од сајт за возрасни

Тој додаде дека постои „опасен тренд“ на злоупотребата преку интернет што предизвикува жените да ги загубат работните места, да ги напуштаат училиштата, да ги прекинат своите врски и да ги маргинализираат, тврди Бернарс Ли во отвореното писмо на 31-от роденден на интернетот.

Жените кои припаѓаат на малцинските групи, се особено изложени на ризик, според основачот на интернетот, тврдејќи дека овој факт се заканува на „напредокот постигнат во родовата еднаквост“.

Швеѓаните најчесто, Бугарите најретко на интернет

Според истражувањето на неговата веб-фондација, повеќе од половина од младите жени искусиле насилство преку интернет, вклучително и сексуално вознемирување, заканувачки пораки, споделување на интимни слики без дозвола на социјалните мрежи…

photo by Scott Henrichsen/Wikipedia

Повеќето од оние што биле вклучени во истражувањето рекле дека работите се влошуваат на ова поле.

Loading...

Бернарс Ли започнал акција минатата година за да спречи интернетот да тоне во „дигитална дистопија“.

Гугл го менува начинот на кој функционира интернетот?

Според него, три клучни области се важни за жените да бидат еднакви на интернетот.

Првата е да се олесни пристапот до Глобалната мрежа за жени, бидејќи половина од нив на планетата немаат пристап до интернетот.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПЛАНЕТАТА Е ВО НИВНИ РАЦЕ: Клучевите од интернетот ги имаат 14 луѓе

Втората е зголемување на безбедноста преку интернет, а третата е промена во вештачката интелигенција која често се заснова на родова дискриминација.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *