Кина повика на итно одржување меѓународна конференција за Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји повика на итно одржување на меѓународна мировна конференција за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и да се разговара за спроведувањето на решението со две држави за конфликтот во Појасот Газа, објави денеска Ксинхуа.

Loading...

Ванг на прес-конференција по разговорите со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Каиро за време на викендот рече дека меѓународната заедница треба да одговори на загрижувачката ситуација на Блискиот Исток.

По Египет, Ванг до четврток треба да ги посети Тунис, Того и Брегот на Слоновата Коска.

Ванг разговараше и со генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит за конфликтот во Газа и изрази загриженост поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море, пренесува Танјуг.

Влијателните земји мора да играат објективна и конструктивна улога во решавањето на овие конфликти, рекоа Ванг и Абдул Геит во заедничката изјава, пренесе Ројтерс.